| четврток, 6 декември 2018 |

Русија формира специјална економска зона во Владивосток

vladivostok

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на Владата формирање специјална економска зона во Владивосток најдоцна до 15 јуни, соопшти Кремљ.

Во Владивосток ќе биде формирана специјална зона од индустриски вид, која ќе обезбеди средства за изградба на индустриска инфраструктура, се наведува во инструкциите од Кремљ кои се упатени по состанокот на Путин со членовите на Владата.

Федералниот закон за специјалните економски зони во Русија е усвоен пред девет години, а досега се формирани 28 зони. Владата соопшти дека во 2013 година е забележан пораст од 12,7 милијарди рублји (околу 360 милиони долари) во инвестиции во специјалните економски зони, потсетува „Гласот на Русија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top