| четврток, 6 декември 2018 |

Небезбеден мед од повеќе произведувачи повлечен од пазарот во Србија

med

Од српскиот пазар е повлечен мед на повеќе произведувачи затоа што нивните производи не одговарале на параметрите за безбедност и квалитет, стои во соопштението на Министерството за земјоделство. Повлечен е медот на произведувалите „Ириком“ од Белград, „Аза“ од Лединац, „Хани“ од Вучак, „Биомед“ од Белград и медот „Мијачковиќ“, јавува „Танјуг“.

Републичката ветеринарна инспекција, во соработка со Сојузот на пчеларските организации на Србија (СПОС), кон средината на март почна интензивна и сеопфатна контрола на безбедноста и квалитетот на медот во земјата. Со акцијата е опфатена контрола на 182 примероци мед.

Примероците се земани од малопродажни објекти со поголем обем на промет, на пазарите и во самостојни трговски објекти.

Ветеринарната инспекција наложи повлекување на сите количини мед од полиците од производните серии кои не ги исполнуваат условите за квалитет, кои се однесуваат на несвојствен изглед, боја, мирис и вкус, зголемен процент сахароза, неисправни декларации…

Контролата има за цел откривање фалсификат мед на српскиот пазар, како и на мед чиј квалитет е значително намален поради несоодветна обработка и начин на чување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top