| четврток, 6 декември 2018 |

Колекцијата на Мршиќ во Србија, Кадриу во Приштина

србија фв

Македонската дизајнерка Росица Мршиќ ќе биде специјална гостинка на српската Модна недела, а моделите на Мила Кадриу ќе се презентираат на модна манифестација во Приштина.

Кадриу, која во рамките на пролетната Модна недела во Скопје направи моден бранч, ќе биде дел од „Приштина фешн најт“ на 18 април. Ќе бидат прикажани модели на повеќе дизајнерски имиња и марки. Оттаму најавуват гостување и на директорите на пет модни недели од различни земји. Покрај манекенките од Албанија и од Германија, ќе бидат ангажирани и манекенките од модната агенција „Подиум“.

србија фв1
На Модната недела во Србија, која ќе се одржува од 22 до 26 април во Нови Сад, Мршиќ пред српската публика ќе се претстави на 24 април.
Организаторите од Србија за ова издание најавуваат гостување на повеќе светски имиња, меѓу кои и познатиот Ејмерик Франсоа, кој ќе биде во улога на официјален бекстејџ координатор, и предавање на Доналд Потард, поранешен генерален директор на модната куќа „Жан Пол Готје“ и советник на Пако Рабан, Кензо Такада, Шантел Томас, Вивиен Вествуд, Александар Меквин, Дона Карен…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top