
Вработени, со свои живеалишта, со солидни месечни примања се повеќето од бегалците од војните на Балканот во почетокот на 90-те години кои засолниште побарале во Шведска.
Ваквиот заклучок произлегува од статистичките показатели што денеска на прес-конференција ги презентираше шведскиот министер за интеграција Ерик Уленхаг, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Во просек, 70 отсто од балканските бегалци денес имаат работа, петнаесетина години откако пристигнале во Шведска, покажуваат податоците на шведското Централно статистичко биро. Најдобро се адаптирале тие што во тој период биле деца, или пристигнале во земјата со завршено гимназиско или високо образование.
Во однос на актуелната ситуација, се укажува дека една сличност која постои меѓу бегалците од Балканот и оние коим денеска бараат заштита во Шведска, како на пример бегалците од Сирија, е дека многумина се млади. Но, во исто време се заблежуваат и значајни разлики, односно дека бегалците од Сирија се главно со ниско образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


