„Дневникот на Фериде“, премиерната турска серија на „Алфа“ ТВ ја завршува својата прва сезона овој петок. Серијата која во Турција постави нови високи стандарди во телевизиската продукција и која гледачите во Македонија преку „Алфа“ ТВ имаа можност да ја следат први на Балканот, ќе продолжи со емитување од следната есен. Гледачите кои од епизода во епизода во се поголем број ја следеа љубовната приказна меѓу Ќамран и Фериде, и продолжението ќе имаат можност да го следат скоро во исто време со премиерите во Турција и како балканската премиера на втората сезона. Прекрасниот драмски текст, одличната костимографија и извонредната актерска игра популарните актери Фахрие Евџен и Бурак Осчивит не останаа незабележани од љубителите на турски серии во Македонија, кои без сомнение со нетрпение ќе го очекуваат продолжението кое најавува уште поголеми возбудувања, пресврти и силни емоции.
Од следниот понеделник во терминот на „Дневникот на Фериде“ започнува нова турска серија „Алфа“ ТВ – „Сестри“. Оваа серија нѐ води низ животната приказна на две сестри кои разводот на нивните родители ги води во различни правци и иако нивните идеали, животни цели и мотиви се крајно различни и ќе ги одведат до многу судири, сплетки и пресметки, на крајот и двете ќе дојдат до универзалната вистина дека сопственото семејство е тоа што прво ќе пружи рака на спас и помош секогаш кога животот ќе не доведе во ситуација која наизглед е беспомошна.
Серијата „Сестри“ е една од најгледаните досега емитувани на турската телевизија „Стар“, а истата покрај домашната турска ТВ публика имале можност да ја видат и гледачите во 12 земји од Европа и Средниот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.