Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја одби жалбата на екипата Ред Бул поднесена поради дисквалификацијата на нивниот возач Даниел Рикардо на трката за Големата награда на Австралија на која го освои второто место.
– Ја разгледавме жалбата на Ред Бул и одлучивме да го прифатиме она што го досудија судиите на самата трка, односно дека болидот на оваа екипа ќе биде дисквалификуван поради потрошено гориво повеќе од дозволеното – се вели во соопштението на ФИА.
По одземањето на бодовите, најмногу профитираа возачите на Мекларен Џенсон Батон и Кевин Магнусен кој завршија на пиедесталот односно на второто и третото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.