Холивудските актерки и долгогодишни пријателки Џенифер Анистон и Кортни Кокс не се согласуваат кога изгледот е во прашање, односно затегнување на лицето и ботокс.
Според наводите на интернет страната „Шоубиз Спај“ Џенифер изјавила дека не ги поднесува инјекциите ботокс, додека Кортни (50) не знае да запре со вбризгувањето на истиот.
– Кортни е бесна на Џенифер затоа што го исмејувала нејзиниот изглед, наведува близок извор, додавајќи дека Џенифер секогаш истакнува дека лицата кои ставаат ботокс изгледаат ужасно.
Всушност, Анистон е поборник на достоинствено стареење.
– Џенифер и рекла дека би требало да се однесува согласно со своите години и да престане да вложува толкав труд за да го инпресионира своето момче. Како што наведува изворот, таа тогаш на Кортни и рекла дека жените кои не сакаат природно
да остарат всушност се за жалење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст