Најголемата опозициона партија во Македонија денес преку СМС пораки испрати соопштение до сите медиуми во кое одбива да го признае легитимитетот на изборите за преставници во парламентот кои ќе се одржат на 27-ми април, во ист ден со вториот круг на претседателските избори.
Според СДСМ, причина за нивното непризнавање на резултатите од изборите кои следат за речиси две недели е тоа што во Македонија живее народ кој многу греши:
„Не може вака луѓе. Тука живеат едно 450 илјади кои редовно гласаат за ВМРО ДПМНЕ, а од сите други 1.300.000 гласачи ние преку сила собираме по 300.000. Епа вака веќе не може“, стои во првите пораки од СМС соопштението на СДСМ.
„Под итно да се направи размена на население со друга земја или да се увезе народ од некоја социјалистичка земја, ете Кина на пример или Северна Кореја, а нашите гласачи кои тотално неоправдано не не’ сакаат или не сакаат да излезат на гласање да бидат продадени во странска држава по набавна цена, особено гласачите на ВМРО ДПМНЕ за кои сме спремни да дадеме и екстра попуст“, понатаму во пораките пишува центарот за комуникации на СДСМ.
„На владеењето на Никола Груевски мора да му ставиме крај. Ако тоа не можеме да го направиме нудејќи некаква програма или со овој народ, тогаш ќе го промениме прво народот, па потоа ќе признаеме било какви избори во Македонија кои би биле единствено легитимни и коректни доколку СДСМ извојува победа. Тогаш народот ќе е во право иако нема да погреши… или така некако. Затоа резултатите на изборите на 27-ми нема да ги признаеме, освен ако не победиме. Значи нема да ги признаеме. Позз“, стои на крајот на смс соопштението на СДСМ.
Со своја смс порака се огласи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев според кој изборите во првиот претседателски круг биле нерегуларни, но нема да поднесе приговор за да не си го расипе муабетот со претседателот на ДИК кој е од неговата партија: „Не ми се веруве како мојже Стево да освоје 313 илјади гласови, кога јас лично сам забележал дека сум се ракувал сос минимум 320-се илјади луѓе, живи луѓе?! Кој ми ги изедејл тие 7 илјаде кои ми фалат во математиакта на изборете, кој?“, запраша Заев.
„Зошто никој не е изедел жив човек од тија 450-илјаде шо са нискоинтелигентни како шо кажа професорката Најчевска прибидејќи гласуват за Вемеро и за ваа диктатура? Како никој не фале во тој број и се зголемуве, а мене ми фалеат седум илјаде во едно делење? Вие пораке ги праќам на сите медиуми и лидери освен на господин Мендух Тачи прибидејќи неговио телефонски број го немам воф именико“, мистериозно ја заврши својата СМС-серија претседателот Заев.
Чaршијата зборува дека со новонастанатата ситуација најголема шанса гледаат членовите КПМ (Коалиција за Позитивна Македонија) кои на избори ќе излезат само со акронимот од нивното име, со цел да делуваат емоционално врз гласачите кои го поддржуваат СДСМ од историски причини, па во таа насока деновиве подготвувале прес конференција на која ќе заземат позитивен став за резултатите од изборите на 27-ми и со позитивна кампања („Да го внесеме твоето салдо во плус, за колку ќе се качиш на нашиот бус?“) ќе се трудат да го исфрлат СДСМ од челната опозициона позиција во Македонија.
Од СДСМ кратко ни одговорија дека не ги признаваат ниту КПМ.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст