Во Русија живеат 131 милијардер, а само за една година бројот на милијардери во земјата е поголем за 11. Според рускиот магазин за топ менаџери „CEO“, тоа е историски рекорд. „CEO“ вели дека најбогатиот човек во Русија е сопственикот на „Металинвест“ Алишер Усманов, кој „тежи“ 18,72 милијарди долари, иако неговото богатство е за осум отсто помало од претходната година.
Меѓу десетте најбогати Руси се и сопственикот на „Северстал“, Алексеј Мордашов, косопственикот на „Новатек“, Леонид Михељстон, сопственикот на „Баел“, Олег Дерипаска, претседателот на „Интеррос“, Владимир Потанин, и шефот на „Лукоил“, Вагат Алекепров.
Во 2012 година во Русија живееле 120 бизнисмени со имот од над милијарда долари. Година дена претходно беа 114. Најмалку доларски милијадери, само 49, имаше во 2009 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.