| четврток, 6 декември 2018 |

„Опасни врски“ на Дејан Пројковски на сцената на „Вера Комесаржевска“ во Санкт Петербург

Македонскиот режисер Дејан Пројковски и неговите соработници,  сценографот Валентин Светозарев, костимографот Благој Мицевски и композиторот Горан Трајковски, во деновите од изминатиот викенд го свртеа вниманието на театарската јавност во Санкт Петербург во Русија, објави „Радио Слободна Европа“. Тие во прочуениот театар „Вера Комисаржевска“ ја поставија „Опасни врски“ од Шодерло де Лакло, претставата за која критичарите по саботната премиера ќе забележат дека донела нов, поинаков сензибилитет на тамошната сцена и дека е проект со кој овој артистички колектив ги има сите предуслови да го започне своето ново патешествие по фестивалите на Стариот континент.

– Она што како заклучок можам да го кажам тоа се првите коментари и реакции на критиката дека претставата донесе една нова, сосема поинаква естетика во театарот „Вера Комисаржевска“, сосема различна од она што тие го имаат на репертоарот и го играат, и дека е тоа една репрезентативна претстава која што сигурно ќе го најде својот пат до театарските фестивали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top