Заврши гласањето за Претседател на Македонија во мирна и демократска атмосфера. Почнаа пресови на сите страни, едните излегоа насмеани другите се возбудија и така почна пребројувањето на гласовите. Од Бихачка се јавија со најкраткиот прес во историјата на пресовите, веројатно истовремено трчаат и за Гинис.
– Изборите се одвиваа премногу сериозно, а ние како што знае народот сме весели луѓе, па решивме да направиме мала претстава. Рада отиде во Шутка каде се знае дека секогаш е весело и се позабавува во наш стил, знаете мала шала не е на одмет. И секако ја користиме оваа прилика да го известиме народот дека Рада ја знае разликата меѓу шал и врат, но тоа беше се дел од претставата. Задоволни сме со изборите, за нас Стево е победник, одговорно тврдиме дека никој не може поубедливо да освои второ место од Стево.
Видно еуфоричен и возбуден за време на пресот беше и Ѓорѓи Спасов попознат како сопственик на агенцијата Фејктинг која се занимава со анкети, проценки, прогнози и разни други статистики за потребите на нарачателот по пристапни цени. Ѓорѓи ни изјави:
– Како и што објавивме во анкетата, која не беше анкета – прогноза беше, добро не беше прогноза нешто муабет си правевме ама не е важно сега, важно е дека ние објавивме прецизни резултати. Одговорно тврдам дека 1,8% е 118 000 гласови во Македонија, единствено што имавме во анкето-прогнозата беше печатна грешка па место Иванов сме пишале дека водел Стево. Ама, важно еден од кандидатите водел, да не навлегуваме во детали, не е ни важно сега. Во секој случај сакам уште еднаш да ви кажам дека на резултатите од Фејктинг може да им се верува во секое време, Фејктинг ги дава најпрецизните резултати и затоа ве молам доколку имате потреба од било какви анкети за куќен совет, детски родендени или фудбалски првенства побарајте не во канцелариите на Заев или Шеќеринска и ќе се договориме.
Од извори блиски до Стевчо дознаваме дека не е разочаран воопшто, дека има шанси и се надева дека вториот круг ќе ги одлучи изборите. Оваа мала разлика од над 110 000 гласови не е ништо, тој има победено на еден круг на гласање и тоа на исти избори дури во четири општини. Затоа се надева дека вториот круг ќе биде одлучувачки и дека ќе биде во убедливо водство од 1,8%.
– Бројот на гласови по мое уверување не е резултат на моите квалитети, јас имам повеќе квалитети и не е точно дека ни мојата фризерка не гласала за мене. Сакам да порачам дека борбата не е завршена. Ни претстои втор круг и шансите се еден према милион, што значи има шанси! Ќе се борам до последен ден за концептот и идеите во кои верувам, ама ќе ви ги кажам друг пат. Уверен сум, а и Рада ми потврди, дека во вакви услови на систематски хаос можеме да дојдеме до победа на 27ми април.
Му посакуваме на Стево многу успех и се надеваме дека вториот круг ќе заврши со убедливо водство а не вака со мала разлика меѓу кандидатите. Или што би рекол самиот Пендаровски: Волјата на граѓаните веќе е јасна!
Мила ем весела
Мила ем весела
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст