Италијанската пица досега важеше за најдобра на светот. Но, сега тој примат ѝ припаѓа на австралиската пица. На светскиот натпревар за најдобра пица на светот, кој се одржа во Парма, Италија, наградата за најдобра маргарита ја добри пица-мајсторот од Австралија, Џони ди Франческо, сопственик на ресторан во предградие на Мелбурн. Тој победи во конкуренција на 600 натпреварувачи од 35 земји.
Благодарение на победата, неговиот мал ресторан преку ноќ стана многу популарен.
– Реакциите се неверојатни. Не мислев дека вакво нешто ќе се случи. На натпреварот отидов бидејќи го сакам тоа што го работам. Многумина мислат дека е најлесно да се направи маргарита, но тоа е една од најтешките пици за правење – изјави Ди Франческо за „Си-Ен-Ен“.
Цената на пицата во неговиот ресторан е 19,30 австралиски долари и тој нема намера да ја зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.