
Бројот на туристите во февруари годинава изнесува 27.278, а на ноќевањата 60.619, што во однос на истиот месец лани претставува зголемување за 6,6 проценти, односно 3,9 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари годинава, споредено со февруари минатата година, е зголемен за 10,3 проценти, а на странските туристи за 4,1 процент.
Кај ноќевањата на домашните туристи зголемувањето е за 3,6 проценти, а на странските туристи за 4,2 проценти.
Во првите два месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3 процент, кај домашните туристи за 0,6 проценти, а кај странските за 1,9 проценти. Кај ноќевањата во јануари и февруари има зголемување за 0,3 проценти, кај домашните туристи намалување за 2,1 процент, а кај странските зголемување за 2,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод


