Неименуван извор за малезискиот угледен весник „Њу Стреитс тајмс“ тврди дека копилотот на исчезнатиот „боинг 777“ среде летот се обидувал некого да добие на мобилен телефон. Американски дипломат, кој, исто така, не го открива идентитетот, рекол дека можно е во приказната да има вистина, засега малезиските истражни органи тврдат дека немаат поим за овие неофицијалните тврдења. Според „Си-Ен-Ен“, американскиот дипломат тврдел дека е забележан сигнал од мобилниот уред на Фарк Абдул Хамид од база во близина на градот Пенанг, над кој авионот на „Малезија ерлајнс“ е забележан последен пат на радарите. За разлика од малезискиот весник, кој настанот го опишува како обид на копилотот да воспостави последен „очајнички повик“, американскиот дипломат за „Си-Ен-Ен“ тврди дека за сега сигурно е само дека мобилниот барал мрежа, додека нема потврда за теоријата дека се обидувал да телефонира. Повеќе стручњаци во разговор за британски „Телеграф“ велат дека иако добар дел од авиокомпаниите забрануваат за време на летот да има вклучени мобилни телефони, не е необично да има вклучени уреди. Тоа најчесто се случува од три причини – кога член на екипажот ќе заборави да го исклучи, го оставил вклучен за случај на итна ситуација или, пак, го држи вклучен за да има пристап до електронска пошта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


