
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин вчера имале телефонски разговор во кој разговарале за драматичната ситуација во Украина и за оружените инциденти на истокот на земјата.
Путин во разговорот инсистирал дека неговата земја не стои зад бунтот на проруските активисти на истокот на Украина, и дека целата одговорност за немирите е на властите во Киев кои имаат голема поддршка од Западот и Обама. Рускиот претседател го повикал неговиот американски колега да влијае на Украинците за да се воздржат од употреба на сила кон демонстрантите.
– Тврдењето за наводно мешање на Русија во случувањата во Украина се шпекулации темелени на непотврдени информации, рекол Путин, опишувајќи ги демонстрациите како израз на нивното незадоволство кон отпорот на властите во Киев да ги признаат нивните права и интереси.
Од Белата куќа потврдиле дека имало таков телефонски разговор, но не сакале да изнесат детали за тоа што Обама му порачал на Путин.
– Размислуваме за различни можности за тоа како да искажеме цврста поддршка на Украина, дипломатска и економска, изјавил вчера портпаролот на Белата куќа Џеј Карни на редовната прес конференција.
– Не размислуваме за директна воена поддршка, но ги преиспитуваме облиците на помош кои можеме да ги дадеме, изјавил тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени


