-Победивме во Охрид! Победивме со поголема разлика од онаа во 2009 година! На ниво на држава, добивме преку 449.000 гласови во првиот круг! Во многу општини, разликата е 2:1 или дури и 3:1. Победивме во 75 општини ви Македонија! Победивме и во иселеничка Македонија! Граѓаните гласаа за Република Македонија. Покажаа дека државата им е пред се. Дека Македонија им е пред се.
Вака кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов го започна својот говор во вечерашниот митинг во Охрид.
-Тоа е она што ме прави сигурен дека водам правилна политика. Граѓаните го оправдуваат тоа што сум го работел во изминатите 5 години. Дека Владата предводена од премиерот Груевски води правилна политика. Победи искрениот пристап пред граѓаните. Одговорен, транспарентен, со отчет за сработеното и програма со визија и јасни ставови. Програма со конкретни проекти и резултати. Сигурен сум дека во вториот круг разликата ќе биде уште поголема. Благодарам за поддржувачите, за Тимот Македонија! Благодарам за поддржувачите, за ВМРО-ДПМНЕ, за коалицијата За подобра Македонија! Пред 20 дена, тука ја започнавме кампањата. Тогаш реков дека Охрид никогаш не нè разочарал. И тоа го покажа уште во првиот круг. Им благодарам на сите граѓани кои излегоа да гласаат и кои направија разлика. Им благодарам на оние кои се одлучија за мојата програма.Уверен сум дека Охрид ќе донесе голема победа на 27 април, рече Иванов.
Оваа поддршка за него значи многу и истата, рече, ни дава сила да продолжиме со реформите и делата кои ќе се реализираат, за доброто на сите граѓани.
Имавме фер и демократски избори какви што и доликуваат на Македонија. Граѓаните имаа избор која од понудите ќе ја изберат, да изберат кој ќе работи за нивната иднина.
-Во огромно мнозинство граѓаните дадоа поддршка на нашите реформи, тимска работа, чесност, патриотизам, отворање работни места, инвестиции. Вчера сите се радувавме. Но, денес продолжуваме. Продолжуваме за парламентарните и за вториот круг на претседателските избори за две недели, на 27 април.Во текот на овие две недели, многу македонски граѓани ќе се соочат со два предизвика. Првиот предизвик е кога некои ќе се обидуваат да ве убедат да не гласате, бидејќи немало за кого да гласате, бидејќи немало разлика. Самите сте сведоци дека постои позитивна разлика. Разликата ја препознава Европската унија, која ни даде 5 позитивни извештаи и препораки за почеток на преговори за членство. Разликата ја препознава и Северноатлантската Алијанса, која вели дека ги исполнуваме критериумите за членство во НАТО. Разликата ја препознаваат светските финансиски институции кои ја рангираат Македонија меѓу најдобрите светски бизнис дестинации.Разликата ја препознаваат и странските инвеститори кои отвораат фабрики во Македонија. Инвестираат насекаде во Македонија. А ќе инвестираат и тука, во Охрид и Охридско-Струшкиот регион и ќе отворат нови 1800 нови работни места.Но, најважно од се, разликата ја воочувате вие, граѓаните, кои постојано му давате доверба на овој тим.До сега ја дававте довербата бидејќи нашите дела говорат погласно од зборовите. Донесените закони, спроведените реформи. Изградените патишта, привлечените инвестиции, отворените фабрики, училишта. Секаде нешто се гради. Тоа е новиот лик на Македонија. Македонија која успева, истакна Иванов.
Тој за предизвик го смета фактот што некои граѓани мислат дека нивниот глас не прави разлика, дека се може и без нивниот глас. дека има доволно луѓе кои ќе гласаат.
И едното и другото, истакна Иванов, се неискористување на клучно демократско право – сами да одлучуваат за својата иднина.Секој глас прави разлика. Секој глас за него значи зголемена разлика.
-На 27 април, иднината на Македонија е во рацете на секој граѓанин. Секој глас е важен. И на жена и на маж, и на млад и на стар, и на работник, и на пензионер, на земјоделец, професор и студент. Ве повикувам да гласате за Македонија. Ве повикувам да кажете НЕ на оние кои ве убедуваат да не го искористите правото на глас.Ве повикувам да кажете НЕ на пасивноста. Ве повикувам, во уште поголем број да излезете да гласате.Само така ќе продолжиме заедно да работиме за Македонија. Да ја градиме Македонија со највисоки вредности, стандарди и критериуми.Непринципиелната кампања што се водеше против нас се покажа како неуспешна. Ме напаѓаа без аргументи, со етикети, непристојно. Но големината е да одговараме на такви коментари. Тоа говори за нив, не за нас. Тие што немаат успеси и проекти зад себе, што немаат програма пред себе, тие водат таква кампања. За овие години македонските граѓани научија да прават разлика. Тоа го покажаат вчера, тоа ќе го покажат и на 27 април. Покажавме дека Македонија се сака со дела. Дела за кои вие ни дадовте доверба. Вашиот глас за мене, за ВМРО-ДПМНЕ и за Коалицијата За подобра Македонија е глас за вас, за вашите деца, за вашата иднина. За да продолжат реформите, да продолжат инвестициите. Глас за повеќе работни места, повеќе нови патишта, подобра иднина за сите, истакна Иванов во Охрид.
Тој ги повика граѓаните да гласаат за принципи, за работа, за она што е проверено. Им порача да гласаат за Македонија, бидејќи државата е пред се.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево