Нови инвестиции, инфраструктурни проекти, уредување на плажите на Преспанско Езеро и помош за развој на туризмот, изградба на зграда за социјални станови во Ресен, најави денеска носителот на листа за избор на пратеници во изборната единица 5, Антонио Милошоски.
– Прво, планирана е изградба на развојно-дистрибутивниот и откупен центар. Тоа значи дека во две фази ќе имаме инвестиција по пет милиони евра и откупот на производите ќе може да собираат склад од пет тони. Исто така, планирана е и целосна обнова на патот Битола – Ресен – Буково, која ќе значи ангажман на градежни компании, на луѓе, на работници… – истакна Милошоски во рамки на денешните средби со граѓани во Ресен.
Истовремено, додаде тој, тоа ќе значи и подобар, побезбеден сообраќај, подобар пристап и потенцијал за туристичките развојни зони затоа што, како што истакна, приоритетот за ресенското и преспанското крајбрежје е да се обноват плажите за да може во Ресен повторно да се промовира туризмот на највисоко ниво.
Дополнително, рече Милошоски, имаме зацртано изградба на социјална зграда за социјални станови затоа што во општината сакаме да им помогнеме и на оние лица коишто имаат најголема потреба од таа помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



