| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски навреме го прочита Црвенковски

Дали премиерот Никола Груевски беше свесен што ќе се случи уште на средината на декември минатата година?! Тогаш актуелниот претседател на Влада анализираше дека лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски низ хаос ќе сака да ги одбегне изборите.

-Секогаш кога Бранко Црвенковски тоне сака да повлече и други со него и да создаде хаос, а така е и овојпат. Тоа што го смислил во моментот е практично поради тоа што гледа дека ќе ги загуби локалните избори – изјави тогаш Груевски, додавајќи дека однесувањето на Црвенковски од тој период е  со сериозна намера, а не само моментално дејствување.


Извор: Курир

Груевски најави дека ќе се обиде да го стопира во намерите.

– Не е обичен блеф или краткорочно раздвижување – посочи премиерот и додаде:

-Е тоа во Македонија после 21 година демократија нема, не пали. Тој тоа не го сфаќа затворен во штабот на Бихачка не може да го разбере, граѓаните се добро образование и добро знаат и ценат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top