Рустам Темиргалиев вчера објави на „Фејсбук“ дека отцепувањето на поранешните републики на СССР е во тек, а во моментов ситуацијата на истокот на земјата станува сѐ понапната.
Според него, драмата допрва почнува.
– Отцепувањето на делот од Украина во кој живее претежно руско население и официјално почна и наскоро таа област ќе стане дел од Русија – пишува Термигалиев.
Тој го изјавил тоа во светло на напнатите случувања во Донецк, Славјански, Харков и во уште неколку градови на истокот на поранешната република на СССР, каде што проруските демонстранти зазедоа голем број владини згради и немаат намера да ги напуштат, и покрај фактот што во петокот вршителот на должност премиер Арсениј Јацењук им вети дека ќе има референдум за статусот, но и значително проширени овластувања во однос на властите во Киев.
– Пријатели почна ослободувањето на југоисточна Украина. Се наведам дека наскоро Луганск, Донецк. Дњепропетровск, Запорожје, Херсон и Одеса ќе формираат украинска федерација, регион чија сила ја сочинуваат 20 милиони луѓе, а кои ќе се придружат на соединетите држави Белорусија и Русија – напиша Темиргалиев на „Фејсбук“.
Стравувајќи од преместување на украинската криза на нивните територии, поранешните советски републики побараа поддршка од НАТО иако алијансата веќе презеде одредени чекори.
– Регионалните лидери тоа го сметаат за недоволно. Инаку, повиците на балтичките држави, Естонија, Летонија и Литванија во кои живее значителен број руско население, како и украинските соседи Полска и Романија, стигнуваат паралелно со обвинувањата на САД дека Русија сака да создаде хаос за да има изговор за поголема воена интервенција – пишува „Асошиејтед прес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


