| четврток, 6 декември 2018 |

Свршеницата на Ештон Качер го покажа трудничкото стомаче

мила

Актерката Мила Кунис (30) конечно го покажа својот труднички стомак кога се појави на доделувањето на филмските награди на „Ем-Ти-Ви“.

Иако Ештон Качер и неговата свршеница се обидуваа да ја сокријат веста за бременоста, со тек на времето сѐ потешко е да се сокријат облините на познатата актерка.

Мила се појави во црн фустан, а со едната рака го покри стомакот, кој потврди дека веста за бременоста е вистинита и дека Ештон наскоро ќе стане татко.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top