Епидемијата на дефекти на електронскиот систем ги зафати и онака скапите возила „ауди“ во Рим, а изгледа дека виновник за тоа е нобеловецот за мир, Барак Хисеин Обама, кој веројатно за тоа не знае ништо.
„Ауди“, се разбира, не е единствена автомобилска марка со електронска централа која контролира разни функции на автомобилот, почнувајќи од контактот, т.е палењето на моторот. Изгледа тоа е единствената марка чија централа е чувствителна на исти фреквенции кои ги користат државните служби за безбедност кои го штитат претседателот на САД, Барак Обама.
Се разбира, обезбедувањето на Обама не е безгрешно. Неодамна во блиндираниот кадилак во кој се вози претседателот, кој го викаат „Ѕвер“ (The Beast), го наполниле со бензин наместо со дизел и ѕверот се претворил во фосил.
Автомобилот може да издржи гаѓање од топ, експлозија на бомба, но во Вашингтон сметаат дека е подобро да се спречи отколку да се лечи и затоа на трасата по која се движи Обама и околината на зградите во кои престојува се спроведува тотална блокада на радиските сигнали, вклучувајќи ги и мобилните телефони.
Тоа значи дека сите мобилни телефони кои на 27 март се најдоа во Рим на околу километар или помалку од трасата на Обама замолкнаа и останаа глуви уште половина час.
Во рамките на тоа и оштетувањето на голем број убави и скапи возила „ауди“ е прогласена за колатерална штета. Имено, како што неофицијално се дознава по сервисите, електронскиот ураган на Обама упропастил педесетина или повеќе скапи автомобили кои невнимателно се приближиле до неговото возило. Додека возеле, возеле, но кога се угаснале поради блокадата на електронскиот ураган, не можеле веќе да се поместат. Едноставно биле блокирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


