| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Скопје имало 27 сообраќајки

soobrakjajka_5

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 27 сообраќајни незгоди.

На 11 април, петок, се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета, четири со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на моторни возила, двајца пешаци и тројца сопатници.

Се случила и една незгода со тешки телесни повреди во 19 часот и 20 минути на локалниот пат с. Бродец – с. Побожје, во која учествувало патничко моторно возило „ситроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле две лица, сопатници во возилото и со телесни повреди еден возач и еден сопатник.

Се случила уште една незгода со мала материјална штета во којашто е пополнет Европски извештај.

На 12 април, сабота, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица телесни повреди, во која со телесни повреди се здобиле еден возач, еден пешак и еден возач на мотоцикл. Останатите пет незгоди се со материјална штета.

Се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

На 13 април, недела, случени се 12 сообраќани незгоди. Од нив, осум се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле 18 лица, а останатите четири незгоди се со последица материјална штета.

Се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европски извештај.

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи коишто не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците и тројца возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постојната сообраќајна регулатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top