| четврток, 6 декември 2018 |

Ловци на Шќипоња убиле срна

srna

Група од 23 криволовци се уапсени од кумановската полиција затоа што убиле срна, за која е забранет ловот.

Вчера околу 16 часот полициски службеници од СВР Куманово во содејство со гранична полиција привеле 23 ловџии кои биле во организирана хајка на штетен дивеч на подрачјето на Општина Липково.

Во возилото сопственост и управувано од С.Р.(42) од Куманово во кое се превезувал и Д.Е.(50) од село Липково кој е претседател на ловечкото друштво „Шќипона“ е пронајдена и одземена убиена  и исечена на парчиња срна, која со закон е забранета за лов.

СВР Куманово работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ке биде поднесена соодветна пријава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top