| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Не очекувавме вакви резултати, ова не е волјата на граѓаните

zaev

Лидерот на опозицијата Зоран Заев на прес-конференцијата од партискиот штаб изјави дека резултатите од денешното гласање не се резултат на волјата на граѓаните, но со ниту еден збор и со ниту еден факт не го образложи своето тврдење. Заев, очигледно исфрустриран од резултатите, најави сосема различни резултати во вториот круг.

– Резултатот од првиот круг за избор на претседател не е очекуван ни од нас како опозиција ни од мнозинството граѓани. Бевме сведоци на масовна поддршка во минатото, ВМРО-ДПМНЕ исплашена од губењето на власта преку системска кражба ја спречи волјата на граѓаните. Ние сме тука заедно со вас во најтешките моменти да не дозволиме режимот да победи. Нема да дозволиме ова да се повтори во вториот круг. Во вториот круг ќе имаме сосема различни резултати. Нема да дозволиме да биде прегазена демократијата. Волјата на народот мора да се почитува. Не смее да се фалсификува. Оваа власт ќе го разбере тоа на 27 април. Ова не е волјата на народот – изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top