Вработена на бензинска пумпа на Макпетрол во Дебар синоќа успеала да спречи грабеж на разбојник што со автомат влегол во просториите.
Разбојникот бил маскиран и откако влегол во просториите, тој го вперил автоматот кон вработената заканувајќи ѝ се да му ги даде парите од прометот. Но таа му се спротивставила и одбила, по што разбојникот испукал еден куршум во таванот. Потоа тој тргнал кон неа и ја турнал на подот, а од касата ги зел парите и почнал да бега. Но без да забележи, парите му испаднале од левиот џеб. За кратко време се вратил назад, но вработената во меѓувреме ја заклучила вратата и повикала полиција, која трага по разбојникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.