| четврток, 6 декември 2018 |

Дали СДСМ преку Милетиќ ќе има градоначалник во Куманово?

srpska-napredna-pres
Партијата на Драгиша Милетиќ, покрај скопската општина Карпош, свои кандидати за градоначалници и советници има во општина Куманово и Старо Нагоричани. Предраг Божичковиќ е кандидатот за Куманово кој може да ги собере гласовите од гласачкото тело на СДСМ, кое во оваа општина е најголемо, иако од Српската напредна странка велат дека атакуваат на гласовите на Србите и на неопределените гласачи. И исклучениот социјалдемократ и независен кандидат за Куманово, Виктор Цветковски не смета дека Божитиќ ќе ги собере гласовите на СДСМ.

– Од разговори со моите поранешни сопартијци гледам дека расположението е јас да победам и сметаат дека тоа е готова работа. И камапаањата на ВМРО- ДПМНЕ во општината е насочена кон мене како најсериозен противкандидат- вели Цветковски.

Тој ги отфрли шпекулациите кои доаѓаат од политичките кругови дека деновиве заедно со поранешните сопартијци Димитар Бузлевски и Владо Бучковски ќе излезат на заедничка прес- конференција за да ги повикаат членовите на СДСМ да се обединат околу независните кандидати со социјалдемократска идеологија и  Социјал демократската унија на Лазе Еленовски.

Инаку според нашите информации, во општината Кисела Вода седумина советници од редовите на СДСМ, меѓу кои и Чедомир Саздовски, сега се нашле на советничката листа на СДУ.

Дел од членството на СДСМ од општина Карпош рзочарано и бесно на потегот на нивниот довчерашен истакнат член Стефче Јакимовски најавило поддршка на партијата на Еленовски и уште во текот на вчерашниот ден се понудило да работи во капањата на оваа партија. Некои дури најавиле дека ќе гласаат за Јангула Куновска, кандидат за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ, само Јакимовски да не ги добие изборите.

Од СДСМ, во политичките кулори коментираат дека одлуката на Јакимовски е направена од бизнис причини, а притисок за да учествува на изборите на 24 март најмногу доаѓал од администрацијата.

Она што изненадува и збунува е тоа што Јакимовски се кандидираше преку Српската напредна странка на Драгиша Милетиќ, кој пак, е близок со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, а кој и натаму останува дел од „Сојузот за иднината“.

Инаку, Милетиќ дематира дека била во друштво со Бранко Црвенковски и Стефче Јакимовски пред да истече рокот за поднесување на кандидатски листи.

– Кој сум јас да бидам таму присутен и не сакам да се мешам во работите на СДСМ- цели Милетиќ. Тој информира дека ќе поддржат независен кандидат во скопско Чучер Сандево, а покрај кандидатите во Куманово и Старо Нагоричани, свои советнички листи имаат во Македонски Брод и Илинден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top