| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Денешните гласови за две недели ќе се проточат во 13-14 пратеници

Menduh Ta;i

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, е задоволен од резултатот што го постигна нивниот кандидат за претседател, Илјаз Халими, на денешните претседателски избори.

– Јас сум многу задоволен од овој резултат. Сега трката на ДПА беше со неколку килограми песок во нозе. Очекувам и убеден сум дека по две недели, кога ќе трчаме во финале, овие гласови ќе се преточат во 13 и во 14 пратеници. Убеден сум во таа победа на ДПА на парламентарните избори и мислам дека тоа ќе биде најдоброто нешто што се случило во Македонија – рече Тачи на денешната партиска прес-конференција.

Тој истакна дека, според нивните  информации, 15 проценти од Албанците гласаа за македонски кандидат. Од нив 10 проценти за Пендаровски и 5 проценти за Иванов.

– Во одредени места каде што на гласање излегле нула проценти луѓе, тоа не личи на ништо друго само на диктатура. Секој што аплаудира на диктатура, таа диктатура после си тргнува кон неговата глава – нагласи Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top