
Носителот на листа од партијата на Јанко Бачев, Саше Ивановски – Политико вчера бил приведен од полицијата во Свети Николе бидејќи делел промотивен материјал. Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека Ивановски бил приведен во два наврати во Кратово и во Свети Николе поради прекршување на изборниот молк.
– Ивановски вчера во 13 часот и 45 минути во Кратово заедно со сопругата го прекршил изборниот молк. Тој и сопругата биле повикани во станица. Од нив биле земени изјави.Неколку часа подоцна, носителот на листата, во 18часот и 20 минути повторно е приведен. Бил забележан како во градскиот парк во Свети Николе дели партиски флаери. Полицајците кои интервенирале од него одзеле 9.370 партиски памфлети. Против нив ќе бидат подносени соодветни пријави, согласно законските одредби – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


