| четврток, 6 декември 2018 |

Доктор по одбојка во секаква смисла

За­ми­ну­ва­ње­то на кру­шев­ча­не­цот во бе­ли­от свет бе­ше ло­гич­на пос­ле­ди­ца на ед­но те­шко вре­ме за то­гаш нај­до­бри­от од­бој­кар­ски клуб Ра­бот­нич­ки Ферш­пед, кој со­о­чен со не­пре­мост­ли­ви преч­ки, пред сè, од фи­нан­си­ска при­ро­да, пре­ста­на да функ­ци­о­ни­ра. Пре­диз­ви­кот да се про­дол­жи таа при­каз­на и да се зап­ли­ва во ин­тер­на­ци­о­нал­ни во­ди бе­ше го­лем, ве­ли Ми­лен­ко­ски

Josko-Milenkovski-rep83-1

До­ктор по од­бој­ка. Во бу­квал­на и во пре­нос­на смис­ла. Во бу­квал­на би­деј­ќи е про­фе­сор по од­бој­ка на скоп­ски­от Фа­кул­тет за фи­зич­ка кул­ту­ра (ФФК), а во пре­нос­на би­деј­ќи на­пра­ви ви­стин­ски бум во ма­ке­дон­ска­та од­бој­ка во вре­ме ко­га са­мо ра­ко­ме­тот и ко­шар­ка­та ги пол­неа спорт­ски­те са­ли во Ма­ке­до­ни­ја. Ко­га со то­гаш­ни­от клуб Ра­бот­нич­ки Ферш­пед во 2007 го­ди­на ста­са ме­ѓу нај­до­бри­те че­ти­ри еки­пи во Ку­пот на ЦЕВ (Европ­ска од­бој­кар­ска кон­фе­де­ра­ци­ја), од­бој­ка­та во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше во вр­вот.

Јо­шко Ми­лен­ко­ски то­гаш нѐ по­тсе­ти на слав­ни­те де­но­ви на „Вар­дар“ во по­ра­неш­на­та ју­гос­ло­вен­ска ли­га, на мај­сто­ри­и­те на Але­ксан­дар Та­сев­ски и на Вла­ди­мир Бо­го­ев­ски, а де­ца­та во Скоп­је по­втор­но са­каа да тре­ни­ра­ат „ин­те­ли­ген­тен спорт“, ка­ко што се ве­ли за од­бој­ка­та.

Ус­пе­хот на Ми­лен­ко­ски не бе­ше слу­ча­ен, ту­ку, на­про­тив, плод на се­ри­оз­на и струч­на ра­бо­та, по­ткре­пе­на со нај­но­ва тех­но­ло­ги­ја. Во са­ла­та „Град­ски парк“ во Скоп­је во тие го­ди­ни го­сту­ваа и по­ра­неш­ни европ­ски клуп­ски пр­ва­ци, ѕвез­ди од Хо­лан­ди­ја, Ита­ли­ја, Ср­би­ја, ед­но­став­но вр­вот на од­бој­кар­ски­от крем. Не­го­ви­от тим бе­ше со­ста­вен од до­маш­ни игра­чи и по не­кој стра­нец, а во Скоп­је то­гаш по­втор­но бе­ше хит да се гле­да од­бој­ка. Ла­ла Јо­шко, со слу­шал­ки во уши­те, ги сле­де­ше ин­струк­ци­и­те од ста­ти­сти­ча­рот, кој бе­ше сме­стен на гор­ни­от кат во са­ла­та „Парк“ и го упо­тре­бу­ва­ше сво­е­то зна­е­ње, а не­го­ви­те од­бој­ка­ри ги по­бе­ду­ваа про­тив­ни­ци­те. Но, отка­ко по­ра­ди фи­нан­си­ски проб­ле­ми Ра­бот­нич­ки Ферш­пед згас­на, тој про­дол­жи со ра­бо­та во странс­тво.

Josko-Milenkovski-rep83-2

На еден од семинарите во Каиро, Египет

Кру­шев­ча­не­цот Ми­лен­ко­ски ве­ќе тре­та го­ди­на е во Ан­ка­ра, Тур­ци­ја, во еки­па­та на Ма­лие Ми­ли Пјан­го, но е и го­сту­вач­ки про­фе­сор на Уни­вер­зи­те­тот „Га­зи“, а од ми­на­та го­ди­на е учес­ник во про­ект што го ор­га­ни­зи­ра Ми­ни­стерс­тво­то за спорт и мла­ди на Ре­пуб­ли­ка Тур­ци­ја.

– Мо­е­то за­ми­ну­ва­ње бе­ше ло­гич­на пос­ле­ди­ца на ед­но те­шко вре­ме за на­ши­от нај­до­бар од­бој­кар­ски ко­ле­ктив Ра­бот­нич­ки Ферш­пед, кој со­о­чен со не­пре­мост­ли­ви преч­ки, пред сѐ, од фи­нан­си­ска при­ро­да, пре­ста­на да функ­ци­о­ни­ра. Два­е­се­ти­на го­ди­ни, 15 шам­пи­он­ски ти­ту­ли и 13 куп­ски ти­ту­ли се до­вол­ни за да се на­пи­ше ед­на ус­пеш­на од­бој­кар­ска при­каз­на во Ма­ке­до­ни­ја, па за­тоа пре­диз­ви­кот да се про­дол­жи таа при­каз­на и да се зап­ли­ва во ин­тер­на­ци­о­нал­ни во­ди бе­ше го­лем – рас­ка­жу­ва Ми­лен­ко­ски за при­чи­ни­те по­ра­ди кои за­ми­на во Тур­ци­ја.

По ус­пеш­на­та при­каз­на со Ра­бот­нич­ки, пр­ви­от ин­тер­на­ци­о­на­лен тре­нер­ски ан­гаж­ман на Ми­лен­ко­ски бе­ше Буд­ван­ска Ри­ви­е­ра во 2007 го­ди­на.

– Со тој клуб ис­пи­шав­ме но­ви стра­ни­ци во клуп­ска­та исто­ри­ја со плас­ма­нот ме­ѓу нај­до­бри­те че­ти­ри во Ку­пот ЦЕВ во Рим и осво­ју­ва­ње­то на тре­то­то ме­сто – ве­ли Ми­лен­ко­ски.

Тој ве­ќе три го­ди­ни жи­вее на ре­ла­ци­ја Скоп­је – Ан­ка­ра, а за тур­ски­от град има са­мо по­фал­ни збо­ро­ви.

– Жи­во­тот во Ан­ка­ра е, на­ви­сти­на, убав. И по­крај осум­те ми­ли­о­ни жи­те­ли, Ан­ка­ра ну­ди мир и спо­којс­тво и е иде­ал­но ме­сто за жи­ве­е­ње, пред сѐ, за спор­ти­сти­те што са­ка­ат ми­рен спорт­ски жи­вот. Тоа што е нај­важ­но, до­бри­те ко­нек­ции со Ма­ке­до­ни­ја овоз­мо­жу­ва­ат мно­гу че­сто да се оди до­ма, да се раз­би­ва по­не­ко­гаш но­стал­ги­ја­та и нап­на­то­ста од тре­нин­зи­те и по­себ­но од те­шки­те нат­пре­ва­ри и да се цр­пи но­ва енер­ги­ја за прет­стој­ни­те иску­ше­ни­ја. Се­то тоа ми овоз­мо­жу­ва ре­дов­но да ги из­вр­шу­вам и об­вр­ски­те на Фа­кул­те­тот за фи­зич­ка кул­ту­ра во Скоп­је, на­ста­ва­та со сту­ден­ти­те, ко­ло­кви­у­ми­те, ис­пи­ти­те – рас­ка­жу­ва кру­шев­ча­не­цот.

Тој во Ан­ка­ра жи­вее сам, но не­го­во­то се­мејс­тво че­сто го по­се­ту­ва, та­ка што го­лем дел од го­ди­на­та се за­ед­но.

– По­ра­ди до­бри­те ави­он­ски вр­ски не ја чув­ству­вам таа оса­ме­ност ка­ра­кте­ри­стич­на за тие што жи­ве­ат са­ми и да­ле­ку од до­ма – до­да­ва Ми­лен­ко­ски.

Ова е пос­лед­на го­ди­на од не­го­ви­от до­го­вор со еки­па­та на Ми­ли Пјан­го. Во април, со за­вр­шу­ва­ње­то на нат­пре­ва­ру­вач­ка­та се­зо­на за­вр­шу­ва и не­го­ви­от ан­гаж­ман во Тур­ци­ја.

– Мо­же­би е мал­ку ра­но да се збо­ру­ва, но не и да се раз­мис­лу­ва око­лу пла­но­ви­те за ид­ни­на­та и но­ви ан­гаж­ма­ни, та­ка што има мно­гу оп­ции. До­бри­те ре­зул­та­ти овоз­мо­жу­ва­ат и мно­гу по­ну­ди, но фер и ко­рект­но е пр­во да се разг­ле­да по­ну­да­та на акту­ел­ни­от клуб, пред сѐ по­ра­ди до­бра­та до­се­гаш­на со­ра­бо­тка, за­ем­но раз­би­ра­ње и по­чи­ту­ва­ње – ве­ли Јо­шко.

За не­го, три­те из­ми­на­ти го­ди­ни во тур­ски­от клуб би­ле пре­крас­ни во се­кој пог­лед.

– Пред сѐ во по­стиг­на­ти­те спорт­ски ре­зул­та­ти, три го­ди­ни во са­ми­от врв на тур­ска­та ли­га, ед­на од нај­сил­ни­те во Евро­па во ко­ја на­ста­пу­ва­ат мно­гу­број­ни ими­ња од са­ми­от врв на свет­ска­та од­бој­ка, пред­во­де­ни од пле­ја­да врв­ни од­бој­кар­ски тре­не­ри про­тив кои е го­ле­ма при­ви­ле­ги­ја да се игра. Во европ­ски рам­ки по­стиг­нав­ме ре­зул­та­ти за по­чит. Два­па­ти играв­ме во са­ма­та за­врш­ни­ца на Ку­пот ЦЕВ, а осво­е­но­то тре­то ме­сто ми­на­та­та го­ди­на е нај­вре­ден и мо­же­би не­по­втор­лив ре­зул­тат за овој клуб. Ка­ко кру­на на се­то ова е плас­ма­нот ме­ѓу че­ти­ри­те нај­до­бри на тур­ни­рот во тур­ски­от куп, прв­пат во исто­ри­ја­та на Ми­ли Пјан­го – ве­ли Ми­лен­ко­ски.

Де­но­ви­те во нат­пре­ва­ру­вач­ка­та се­зо­на се ре­чи­си иден­тич­ни на­се­ка­де, па та­ка и во Ан­ка­ра. Два­па­ти днев­но тре­нинг, мно­гу па­ту­ва­ња и нат­пре­ва­ри, осо­бе­но во фа­за­та на оди­гру­ва­ње на нат­пре­ва­ри­те во европ­ски­те ку­по­ви.

– Ре­тки­те сло­бод­ни де­но­ви се де­но­ви за ре­ла­кса­ци­ја и за ужи­ва­ње, а Ан­ка­ра и Тур­ци­ја ну­дат пре­крас­ни ус­ло­ви за од­мор и за ре­кре­а­ци­ја. А лу­ѓе­то ов­де се по­себ­на при­каз­на. Вред­ни, љу­без­ни, вни­ма­тел­ни, искре­ни при­ја­те­ли. Рес­пе­ктот и љу­бо­вта кон Ма­ке­до­ни­ја и ма­ке­дон­ски­от на­род се за­бе­ле­жу­ва­ат на се­кој че­кор и тоа на­ви­сти­на фас­ци­ни­ра – рас­ка­жу­ва Ми­лен­ко­ски за де­но­ви­те во Тур­ци­ја.

Кру­шев­ча­не­цот зад се­бе има бо­га­та би­о­гра­фи­ја на ко­ја се­кој би ѝ по­за­ви­дел.

Во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, во 1986 го­ди­на, по дип­ло­ми­ра­ње­то на Фа­кул­те­тот за фи­зич­ка кул­ту­ра во Скоп­је, сѐ уште ка­ко акти­вен од­бој­кар тој поч­нал да ја гра­ди сво­ја­та тре­нер­ска ка­ри­е­ра, пр­во ка­ко играч- тре­нер во Ра­бот­нич­ки од Скоп­је, а од 1992 го­ди­на и ка­ко тре­нер на ма­ке­дон­ска­та од­бој­кар­ска ре­пре­зен­та­ци­ја. Во 1993 го­ди­на бе­ше тре­нер на Бо­рец Уни­вер­зал про­мет и то­гаш ја освои пр­ва­та куп­ска ти­ту­ла. По­тоа има­ше пер­и­од на до­ми­на­ци­ја со скоп­ски­от клуб Ра­бот­нич­ки Ферш­пед ка­де што за 15 го­ди­ни освои и 15 шам­пи­он­ски ти­ту­ли и 12 тро­феи во Ку­пот на Ма­ке­до­ни­ја. Ми­лен­ко­ски бе­ше се­ле­ктор на нај­до­бри­от на­ци­о­на­лен тим на Ма­ке­до­ни­ја од 1997 го­ди­на до 2007 го­ди­на.

Со „же­лез­ни­ча­ри­те“ во 2007 го­ди­на има­ше исто­ри­ски плас­ман ме­ѓу нај­до­бри­те че­ти­ри во Ку­пот ЦЕВ, во Мо­де­на, Ита­ли­ја. Во бо­га­та­та ин­тер­на­ци­о­нал­на ка­ри­е­ра на Ми­лен­ко­ски, освен исто­ри­ско­то тре­то ме­сто со Буд­ван­ска Ри­ви­е­ра во 2007/08 го­ди­на во Ку­пот ЦЕВ, е и плас­ма­нот во фи­на­ле­то на арап­ско­то пр­венс­тво со еки­па­та Сфакс-Ту­нис.

(Пишува: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Текст објавен во 83. број на неделникот „Република“, 4.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top