Годинашното 46. издание на Илинденскиот кајак слалом (ИКАС), се одржа викендов на Матка, според бројот на учесниците е едно од најмасовните во богатата историја.
Пријавени се вкупно 95 натпреварувачи од десет земји, а листата ја предводи поранешниот европски првак од 2011 година, Матеја Мариниќ. ИКАС ќе го одбележи и враќањето на поранешниот победник, Атанас Николовски, кој ќе се натпреварува по пауза од една година, а Македонија ќе ја претставуваат околу 20-тина кајакари.
Свеченото отварање на ИКАС се одржа во петокот во Музејот на Македонска борба, денеска почне натпреварувањето со квалификациските возења, а полуфиналните и финалните трки се на програмата утре од 12 до 14 часот.
фото: Телеграф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.