И по дванаесет часа од откривањето, местото каде вчеравечер во 19 часот бил пронајден човечкиот труп, сеуште го чува полицијата, објави порталот „Дума“. Полицаецот не дозволува фотографирање бидејки вели имал таква наредба од претпоставените. Од околниот рид се гледа дека местото над разурнатата куќа на врвот од ридчето, над железничката пруга Велес – Штип, каде бил откриен машкиот труп сеуште е оградено. Тоа привлекува внимание и буди сомнеж кај велешани. Низ градот веќе се шпекулира со приказни чиј е трупот како и дека станувало збор за убиство.
Од СВР Велес ја потврдија информацијата дека вчеравечер во близина на влезот во Велес и отпадот е пронајден човечки труп.
– Во текот на утрешниот ден ги очекуваме резултатите од обдукцијата, тогаш ќе излеземе со првичната информација. Направен е увид и трупот е испратен на обдукција, рече портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.
Информации дали станува збор за насилна или природна смрт како и првични околу можниот идентитет засега нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре