Црногорските граѓани на кредитни картички должат 31 милиони евра, а на дозволените минуси на тековните сметки – 14,8 милиони евра, соопшти Централната банка на Црна Гора. Според податоците на ЦБЦГ, долг на кретитните картички имаат на 28.000 граѓани, додека долг на тековните сметки имаат околу 81.000 граѓани. Вкупниот долг на кредитните картички, кај кои има доцнење во плаќањето над 30 денови измесува 3,8 милиони евра, што е 12,2 отсто во однос на вкупниот долг за кредитните картички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


