| четврток, 6 декември 2018 |

САД бара да се надминат несогласувањата

Парламентот е местото за дебатирање за отворените прашања, порача американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс.

Не сметаме дека бојкотот од  која било партија е корисен. Тоа го повторуваме со години кога имало бојкоти од други партии, дека не е многу корисна тактика. Партиите треба да работат да изнајдат начин како да го надминат ова. Условите во Собранието треба да бидат отворени и транспарентни и партиите да имаат можност слободно да ги дискутираат прашањата. Мислам дека и опозицијата и власта треба да работат на надминување на ситуацијата, нагласи Волерс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top