Бугарскиот министер за финансии Симеон Џанков поднесе оставка, објавија бугарските медиуми. На негово место ќе биде назначен Томислав Дончев, кој истовремено ќе остане и министер за управување со европските фондови. Според весникот, министерот за регионален развој и јавни работи Лилјана Павлова ќе биде назначена за вицепремиер. Според медиумите причините за менувањето на Џанков се две работи, прво е доцнењето на земјоделските субвенции и второ, одложеното вклучување на на Бугарија во зголемувањето на капиталот на Меѓународниот монетарен фонд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.