Околу 9 часот утринава во тешка сообраќајна незгода близу селото Зајас загинала 80-годишна жена од Скопје, возачот на автомобилот во кој била е тешко повреден, а повреди има и сопатничка во реното, извести МВР.
Денеска околу 9 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, на м.в. Сатеска, во атарот на село Зајас, од патот излетал и се превртел автомобил „рено лагуна“ со скопски таблички, управуван од В.П.(59). Во сообраќајката животот го загубила сопатничката Младица С.(80) од Скопје, со тешки телесни повреди се здобило лицето кое го управувало возилото додека со телесни повреди се здобила третата сопатничка В.К.(53) од Скопје, извести МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил



