Унапредување на винарството е главната цел на новоформираното Здружение на винари на Република Македонија која беше промовирано синоќа во Демир Капија.
– Приоритет ќе биде проширување на знаењата од технолошката пракса и теорија, а исто така и следење на трендовите надвор од границите на нашата земја. Работејќи со другите институции во државата кои сакаат да го афирмираат македонското вино би сакале да ги подобриме состојбите во македонското винарство – рече претседателот на здружението Игно Тасев.
Спорд Елена Богева заложбата е да се создаде македонски вински бренд кој ќе биде препознатлив во светот.
Според Лазе Плетварски најголемата надградба во оваа професија, освен сопственото теоретско и практично усовршување, е можноста за патување и анализирање на технолошките достигнувања на светските лидери во винарството како Франција, Германија,Јужна Африка, Австралија, САД, Чиле, Нов Зеланд.
– Многу од нас најголемото професионално искуство го имаат збогатено токму на овој начин.А самото велгување во друга понапредна технолошка средина доведува до експанзија на знењата во однос на технологијата. Исто така, се добива вистинска претстава за движењето на винарството во однос на вкусови и технологии – рече Плетварски.
За Марија Велковска е добро кога во едно здружение ќе се спојат искуството и младоста.
– На сите наши досегашни неформални средби секој од нас носи по некое шише вино, заедно дегустираме и разговараме за виното, ги кажуваме своите впечатоци за него, па тоа е прекрасно. Тоа со зборови не може да се опише. Ние сме како една голема фамилија –
истакна Велковска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Формирано Македонско здружение за кардијална, торакална, васкуларна и ендоваскуларна хирургија
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Здружението на приватни лекари бара пациентите да плаќаат по 30 денари од посета на матичен (видео)
-
Македонско здружение „Опседнати живеалишта“: Бркаат духови и растураат магии!