– Земјите од групата на најразвиените светски економии Г-7 се подготвени да поддржат нови санкции против Русија доколку Москва ја ескалира кризата во Украина – изјави американскиот министер за финансии, Џејкоб Лу.
– Постои широко и силно единство во Г-7 за зајакнување на санкциите како одговор на ескалацијата на тензиите од страна на Русија. Нема ниту еден министер за финансии во светот кој сака да направи нешто што претставува опасност од создавање на економски проблеми во Европа или во светската економија. Сите сметаме дека Русија треба да отстапи – истакна Лу.
САД воведоа санкции против седуммина кримски функционери и директори на компанијата „Черноморнефтгаз“, соопшти американското Министерство за финансии.
На американските граѓани им е забрането со нив да имаат каков било бизнис контакт, а нивните банкарски сметки ќе бидат блокирани. Ова е трет круг на американски санкции поради украинската криза и имаат за цел заземање на тврда линија пред преговорите меѓу претставници на САД, Русија, Украина и ЕУ, закажани за в среда во Женева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.