Економијата во Македонија се движи во добра насока, е генералната оценка на ММФ и Светска Банка. Гувернерот на Народна Банка по средбите на пролетната сесија во Вашингтон смета дека е добро што оваа година и во ЕУ ќе има зголемен економски раст.
„Очекувањата ни се дека ќе продолжи тој тренд на закрепнување како што беше предвидено. Ни дава оптимизам и очекувањата за подобри перформанси на европската економија, кадешто оди најголем дел од нашиот извоз. Значи би требало оваа година да имаме малку подобар економски раст од претходната, некаде 3,7 проценти“, изјави Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија.
Директорот на Европскиот оддел на ММФ оцени дека кризата од еврозоната се префрла кон Источна Европа и дека погодени ќе бидат Украина, Турција и Русија. За земјите како Македонија што имаат економски раст над европскиот просек од 1,2%, се препорачува задржување на стабилната валута и намалување на невработеноста.
„Економскиот раст во повеќето земји во Централна и Југоисточна Европа закрепнува, делумно поради закрепувањето и во еврозоната. Но растот во регионот како целина ќе биде забавен“, вели Реза Могадам, директор на Европскиот оддел на ММФ.
Земјите од ЕУ кои се најголем трговски партнер на Македонија, оваа година можеби ќе се соочат со дефлација која негативно ќе влијае на растот и работните места.
„Ако поради различни причини, дали поради дефлација во Европската Унија или поради геостратегиски тензии за коишто сме сведоци во моментов, дојде до помал развој во ЕУ тогаш секако тоа би влијаело негативно и на растот на македонската економија“, рече Богов.
Најбрзо растечките економии како Кина и Бразил, оваа година ќе имаат помал економски раст. Земјите членки заклучија дека реформата на ММФ не смее повеќе да се одложува.
Кризата во Украина негативно ќе влијае на еврозоната.
Извор: МТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст