| четврток, 6 декември 2018 |

Жичница на вода на Дојранското Езеро

dojran-7

Првата жичница на вода во Македонија ќе биде изградена на Дојранското езеро, со што Дојран ќе влезе во списокот на светските туристички дестинации познати по забавите на вода.

Заедничкиот мониторинг комитет со седиште во Солун, го одобри проектот со кој општина Дојран аплицираше на ИПА повикот за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, во соработка со општина Кукуш. Неговата реализација ќе почне веднаш по собирање и подготовката на целокупната документација.

Популарно наречениот „кејбл парк“ е забавен парк каде посетителите со помош на специјална опрема што ќе ја поседуваат или изнајмуваат, со помош на електрично управувани кабли, ќе можат да скијаат на вода преку целата година. Спортот е многу
популарен во Европа, а Дојран ќе биде првото туристичко место во земјава што ќе ја нуди оваа забава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top