Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од завршниот митинг во Штип вечерва порача дека е потребно во недела да се испрати пораката, за потоа во наредните две недели опозицијата да нема надежи дека ќе ја остварат својата цел.
-Да се излезе масовно. Недела е многу важен ден за гласање. Иако е прв круг тој воопшто не е неважен. Во недела се трасира патеката кој ќе биде победникот и на претседателски и на парламентарни избори во РМ. Во недела се трасираат нови две победи на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“. Во недела се трасира победата на Ѓорѓе Иванов во Македонија. Во недела се одговора на радикалните барања на сите радикални структури во Македонија, рече Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ побара масовна излезност на изборите в недела за спроведување на програмата со 2.046 проекти и за двојна победа.
– ВМРО е партија која што освен тоа што го ветува секогаш реализира и многу повеќе од тоа и многу работи што не ги ветува. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и затоа ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката на народот. Девет години по ред СДСМ сеуште неможе да разберат зошто ја немаат поддршката на народот. Седум изборни циклуси ја добиваме пдодршката на мнозинството граѓани. И овојпат ќе добиеме двојна победа и во недела и на 27 април, наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии