| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Потребни ни се 62 места во Парламентот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва пред штипјани нагласи дека бара поддршка за 62 пратеника во Парламентот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за да одговорат силно и енергично на сите уцени што им ги испорачувало радикалното крило на ДУИ.

– 62 пратеника ни се потребни за да им одговориме на нивното барање за промена на Уставот на Македонија и одземање на правото на граѓаните на Македонија самите да избираат претседател на државата. Тоа право да сме му го дале на ДУИ и раководството на ДУИ да го избирал претседателот на Македонија. Дали ни е потребно тоа? Дали го поддржуваме тоа? Затоа ни се потребни 62 места во Парламентот, рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top