Даниел Кајмакоски победникот на „Икс-фактор“ и фрлил око на водителката Ена Попов. Таа е таа која успеала да му измами насмевка на лицето, пишува српски Телеграф.
Како што пишува порталот, на пејачот многу му се допаднала водителката Ена Попов на забавата на списанието „Пулс“ и додека давал интервју само искоментирал искоментирал дека има преубаво лице.
– Дали виде какво убаво лице има, преубава е.
Сепак, набрзо открил дека секојдневно му се моли на Бога да не се вљуби.
– Навистина немам многу слободно време. Секојдневно имам некои состаноци, а кога сакам некој, сакам да и посветам целосно внимание. Ако сега се вљубам, потполно би ја изгубил главата. Затоа, секој ден го молам Бога да не се вљубам, изјавил Даниел Кајмакоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



