| четврток, 6 декември 2018 |

Писмото на професорот Шкариќ е политички памфлет и потег на суетен човек кој сака да се одмазди

На социјалните мрежи се разви вистинска дебата за писмото кое што професорот Шкариќ кој во 2009 година го промовираше Иванов за претседател на Македонија. Оценките се различни дел од коментаторите велат дека Шкариќ не добил никаква позиција и затоа сакал да се реваншира на Иванов, други велат дека во прашање е неговата суета а трети коментираат дека Шкариќ бара внимание во јавноста затоа што подолго време не е интересен за медиумите.

По повод отвореното писмо на Шкариќ адресирано до претседателот Иванов се огласи и професорката Билјана Ванковска, која смета дека  Шкариќ сака да му наштети на Иванов, пишува Денешен.

500vanoovska

-Отвореното писмо на проф. Шкариќ до Иванов не е ништо повеќе од израз на обичен гнев на еден суетен професор и политички памфлет на два дена пред изборите, кој ги грее само опонентите, напиша Ванковска.

Таа додава дека е Шкариќ не е искрен и е разочарана од него.

-Тoo late, too insufficient! Некој кој имал цели ПЕТ години да каже каде, како и кога претседателот го пректршил Уставот, тоа го прави во многу критичен момент – ама за изборите, а не за демократијата! Освен тоа, сосема ја извртува својата улога во времето кога се боревме за автономијата на универзитетот, додека тој на трибина го бранеше законот. Јас нема да му напишам Отворено писмо, ама ќе му напишам што мислам за ова во лична порака. Јас сум разочарана од мојот стар професор!, истакнува Ванковска.

Инаку и  Бранко Героски и Ацо Кабранов, чии сајтови бомбастично го пренесуваат писмото на Шкариќ беа истите кои постојано го критикуваа Шкариќ во моментите кога тој ја даде својата подршка за Иванов. Од друга страна, коментарите на социјалните мрежи се дека мотивот за ваквата реакција е личен, односно дека тој лежи во желбата на Шкариќ да биде единствен автор на трудот пред објавување. Тоа фрла сосема поинаква димензија и говори за лукративноста на намерите на Шкариќ.

Истовремено за мотивите кои стојат зад ова писмо говори што во последниот период  може да се забележи блискост на Шкариќ  до СДСМ. Тој беше опцијата на СДСМ за раководење на анкетната комисија за расвтлување на настаните на 24 декември, пишува Денешен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top