Во зоолошката градина во Канзас Сити седум шимпанза се досетиле да направат импровизирани скали од дрво и да побегнат од својот кафез, пренесува „Ројтерс“.
– Едно од пимпанзата, најверојатно, веќе скината гранка од дрво ја навалило на ѕид на скалите и потоа ги повикало и другите мајмуни да му се придружат – објаснува директорот на зоолошката, Ренди Виштоф.
Тој додава дека избеганите животни немале контакт со посетителите на градината бидејќи „побегнале“ во реонот резервиран за чувари. Чуварите побегнатите шимпанза ги намамиле со храна и на тој начин ги навеле да се вратат во своето место.
– Шимпанзата се многу посилни од луѓето и многу се паметни – вели Виштоф.
Во оваа зоолошка има вкупно 12 шимпанза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.