Руската и кинеската страна активно соработуваат околу потпишувањето на договорот за испорака на гас во Кина, соопштува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на вицепремиерот Аркадиј Дворкович, по средбата со претседателот на руско-кинеската комисија за енергетска соработка.
Потпишувањето на договорот ќе се случи уште во мај годинава.
– Се надеваме дека во мај ќе успееме да го потпишеме договорот. Како и да е, сметаме дека до крајот на годинава договорот треба да стапи во сила – изјави Дворкович.
Според неговите зборови, единствено прашање за кое треба да се разговара посериозно е цената на гасот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји