Се чини дека новиот шведски тест-модел според кој во оваа скандинавска земја ќе се работи 6 часа на ден ги забрза плановите на СДСМ околу откривањето на нивниот главен адут во пресрет на парламентарните избори на 27 април: 4-часовно работно време.
Ова денес на прес-конференција во Струмица го соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев според кој шведскиот модел за намалување на работното време е добар, но СДСМ уште одамна има смислено подобар од тој на Швеѓаните кој има за цел зголемување на ефикасноста и продуктивноста кај работниците.
„Луѓето во Шведска отидоа чекор напред и решија да го намалат 8-часовното работно време. Ние сакаме од тука, од Струмица, да им порачаме на шведските браќа дека имаме го подобрио модел за кој ги повикувајме да се појават на тв дуел, сите Швеѓани нека дојдат ако сакаат така, јас ќе излевам со нив на телевизија и ќе докажам дека нашио модел е подобар“, изјави Заев.
Според претседателот на СДСМ, во Македонија може многу добро да се живее и со половина работно време во однос на ова досега.
„Многу е просто. Ако човејците земаа петнајсе иљади за осум часа работа, сега ќе земат петнајсе иљади за четири часа и ќе имаат четири часа повече за трошејне на парите. Македонија може многу лесно да стане рај на Балкано и на свето и во Европа шо ќе го докажејме на теве дуело со Швеѓаните“, додаде лидерот на опозицијата.
Ако во Шведска овие реформи се воведуваат „со цел работниците да земаат помалку боледување и да се чувствуваат подобро и ментално и физички“, Заев неговата логика ја поставува на друг постамент:
„Нашата партија се осеќе многу добро, ете јас се осеќем супер, се чув со Рада пред два сата и она се осеќајла убаво 5.000 посто, а ми дојде СМС и од… Америка, и таму се осеќајл… еден пријател многу убаво. Значи, се можејло да се осаќаме добро и без да работејме на програма од 2046 проекте туку со тај за средната класа шо требе да се врате и со уште еден два, имало, ми кажаја колегете, може да се усеќеш супер“, вели Заев.
„Ако гласате за нас да ја симнеме ваа недемократска влада која сака само да работе, сите ќе работеме по 4 саата и ќе ни е најубаво во свето и во Шведска“, симболично ја заврши за десет минути лидерот на СДСМ прес-конференцијата која требаше да трае дупло повеќе.
Кромиди Запад
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст