| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите си го препознаа синот со амнезија

Брачна двојка од Чешка го идентификуваше младиот човек чија фотографија неодамна беше објавена од страна на норвешката полиција. Момчето беше пронајдено во Осло, Норвешка, во декември минатата година со целосна амнезија.

Иако не се сеќава на своето име, тој зборува англиски јазик со источноевропски акцент, разбира чешки, словачки, полски и руски. И покрај тоа што пати од амнезија, имал бистар ум и размислувал рационално.

Сега, двојката од Чешка тврди дека младиот човек е нивниот син, а надлежните ќе спроведат ДНК-анализа за да се утврди дали  ја зборуваат вистината. Поради внимателност, идентитетот на момчето засега не се открива.

Младиот човек за норвешката телевизија изјави дека е возбуден и дека чувствува како да е спасен од пеколот.

– Ова е неверојатно, фантастично и најдоброто нешто што можеше да се случи – изјави младиот човек кој сѐ уште не го знае своето име или како завршил во Норвешка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top