Поради врнежите од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Појава на магла со видливост до 100 метри има на планинскиот премин Буково. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен и Буково, но освен кај Маврово, не претставува проблем за одвивање на сообраќајот.
Посебно да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



