Силниот тим на Фенербахче конечно ја прекина незгодната серија од 3 порази и со триумф од 84-65 во турската пресметка со Анадолу Ефес остана во игра за пласман во четвртфиналето од Евролигата во кошарка.
Бо Мекејлеб имаше скромен учинок од 2 поени за неполни 9 минути игра. Високите играчи Жориќ и Саваш беа ударна игла на Фенер со комбиниран ефект од 38 поени. Фенербахче со 6 победи и 8 порази остана во игра за пласман понатаму.
Хуан Карлос Наваро одигра уште еден одличен меч и стана првиот кошаркар во историјата на Евролигата со 500 или повеќе погодени удари за тројка. Популарниот Ла Бомба даде 25 поени, а неговата Барселона на чуден начин го загуби шпанското дерби со Лаборал Куча.
Барса по првото полувреме водеше со 50-35, а позитивата од 11 поени, на крајот излезе дебел минус од 11 разлика во корист на Лаборал, кој славеше со 97-86.
Уште една пресметка меѓу екипи од иста земја имаше во Атина, каде Олимпијакос на драматичен начин со тројка на Спанулис на 2 секунди до крај го победи Панатинаикос со 68-65.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Распад-систем во Дарушафака, нема вајлд-карта, нема спонзор, ни тренер
-
Патот на Перо Антиќ до третата европска титула (видео)
-
Цепелинот на летечкиот Весели на прво место на најдобрите потези во финалето на Евролигата (видео)