Утре од 11 до 13 часот во ТЦ „Зебра“, во рамките на акцијата „Читај повеќе – Читај секаде“, писателите Димитар Мирчев, Маја Пехчевска, Божин Павловски, Стефан Влахов Мицов, Велко Неделковски, Раде Силјан, Паскал Гилевски и Матеја Матевски ќе имаат средба со посетителите на ТЦ „Зебра“.
Во оваа пригода познатите македонски писатели ќе потпишуваат примероци од своите дела и ќе ги подаруваат на сите тие што во тој период ќе го посетат маркетот „Тинекс“ или трговскиот центар „Зебра“.
Авторите, исто така, ќе приредат изненадување со количката на мудрости, која е посебно дизајнирана за оваа намена за тие што ќе пазаруваат во супермаркетот „Тинкес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


